Патуваъе со CityRail
Обемната возна мрежа на CityRail е идеална за секојдневно патуваъе
на работа како и за оние кои патуваат за задоволство.
Постојат многу типови на билети што нудат практичност, флексибилност
и прилични заштеди.
Во Сиднеј, ако сте близу до железничка станица, тогаш сте на пат
да доживеете брз, чест и економичен начин на патуваъе.
Купуваъе билет
Билетите за CityRail можете да ги купите од билетарницата или од машината за
билети што се наоуаат во станицата.
|
1. Изберете
го името на станицата каде што сакате да одите - тие се наредени по азбучен
ред. Ако изберете "City", тоа ви дозволува да патувате до, или од Wynyard,
Town Hall, Central, Circular Quay, Martin Place, St James, Museum или Kings
Cross. |
|
2. Изберете каков
тип на билет сакате. Во еден правец (Single), или повратен (Return).
3. Ставете ги парите во процепот: Машините
за возни билети примаат 10 центи, 20 центи, 50 центи, 1 и 2 долари и/или
банкноти од 5, 10, 20 и 50 долари. |
|
4. Не заборавете
да си го земете билетот и, ако имате, кусурот. |
|
ВАШИОТ БИЛЕТ ИЗГЛЕДА ВАКА |
Прекинуваъе на патуваъето
Ако се симнете за да смените воз, но не ја напуштите станицата, тоа значи дека
не сте го прекинале патуваъето. Ако се симнете и ја напуштите станицата пред
дестинацијата означена на вашиот билет, а потоа сакате да се качите на друг
воз за да стигнете до вашата дестинација, вие сте го „прекинале“ патуваъето
и ье биде потребно да купите нов билет.
Автоматски влезови
Големите станици имаат автоматски влезови за влегуваъе и излегуваъе од платформите
на станицата. Ако вашиот билет има магнетна лента на него, тогаш ье треба
да поминете низ овие влезови. Ставете го билетот во отворот за билети при
автоматските влезови, со магнетната лента свртена нагоре и стрелката насочена
во спротивна насока од вас.
Обратете се кај некој од персоналот ако имате инвалидска количка, количка
за бебе, ви треба да поминете со голем багаж, или ако патувате како група
со еден заеднички билет. |
|
На платформата
CityRail има 10 приградски линии, кои се кодирани во 7 различни бои. Запамтете
ја бојата на вашата возна линија и во кој правец одите и лесно ье можете да
ја најдете платформата. Возови од различни линии може да користат иста платформа,
затоа проверете ги екраните со информации и слушајте ги објавите од разгласот.
Со тоа ье можете да бидете сигурни дека возот што пристигнува на платформата
застанува на станицата каде што треба да одите.
Патуваъе со велосипеди и други средства
со тркала
Дозволено е велосипедите бесплатно да се внесат во возовите, освен ако сакате
да патувате помеуу 6.00 и 9.00 наутро и помеуу 3.30 попладне и 7.30 навечер
во работни денови - ако, сепак, внесете велосипед во возот, треба да купите
детски билет за велосипедот.
Ако влезете во возот со велосипед ве молиме да запаметите да не
ги блокирате вратите и приодот кон вратите. Возеъето со велосипеди, скејтборд,
скутери (тротинети) или ролери во станиците и возовите на CityRail не е дозволено.
Животни и миленичиъа
Освен кучиъата водичи и кучиъата за асистенција за лица со слаб вид, кучиъата
кои се во обука или полициските и кучиъата за обезбедуваъе (што се на должност),
никакви други животни или миленичиъа не се дозволени во станиците или на платформите
на CityRail.
Билети
Патувањето со CityRail е лесно. Ве молиме проверете ги подолу листите на некои
од најпопуларните билети.
Секојдневни билети
Билетите во еден правец (едно возење) се евтин начин за да стигнете само до
една дестинација.Видете „Прекинување на патувањето" од другата страна.
Повратните билети (две возења) ви овозможуваат да патувате до и да се вратите
од само една дестинација. Имате време до наредниот ден до 4.00 часот наутро
да го извршите патувањето.Видете „Прекинување на патувањето" од другата страна.
Билетите на CityRail после шпицот нудат заштеди и до 30%. Повратните билети
после шпицовите се издаваат после 9.00 часот наутро во работни денови (порано
во некои подрачја што се пооддалечени) и во секое време на викенди и државни
празници. Повратниот билет мора да се искористи до наредниот ден пред 4.00 часот
наутро. Видете „Прекинување на патувањето“ од другата страна.
Децата на возраст помеѓу четири години и помали од 16 години плаќаат половина
цена. Децата помали од четири години патуваат бесплатно во придружба на возрасно
лице, или со специјален детски билет после шпицот.
Кога барем едно возрасно лице кое плаќа билет патува со повеќе од едно дете
од истото семејство, за првото дете се плаќа детски билет, а останатите деца
патуваат бесплатно.
Таканаречениот 7 Day RailPass можете да го купите секој ден во неделата и потоа
да го користите седум дена по ред од и до двете станици што ќе ги изберете (и
станиците помеѓу нив). Билетите можат да се купат секој ден во неделата од билетарниците
во станиците или машините за билети. Ако вашиот 7 Day RailPass го купувате после
3 часот попладне еден ден пред денот на кој треба да биде употребен, ќе важи
до крајот на тој ден, плус наредните 7 дена.
Патувањето со FlexiPass нуди патување од 28 до 366 последователни денови од
датумот на купување помеѓу двете станици што ќе ги изберете (и станиците помеѓу
нив). FlexiPass билетите можат да се купат од билетарниците во станиците каде
што треба да се пополни барање за овој билет.
Билетот наречен TravelPass ви овозможува да патувате низ Сиднеј со воз, автобус
и фери-брод и може да биде неделен, тримесечен или годишен за зоните што ќе
ги изберете. Користете го TravelPass за на работа, на викенди или навечер. Колку
повеќе го користите, толку повеќе заштедувате! TravelPass билетите можат да
се користат за CityRail, Sydney Buses и Sydney Ferries. Едноставно, одберете
TravelPass што ви одговара најмногу.
Билетот BusPlus за 7 дена ги комбинира CityRail и патувањето со приватните автобуси
од избраните станици на CityRail до околните населби. BusPlus билетите можат
да се купат од повеќето станици на CityRail и засега можат да се користат со
фирмата Busways на станиците во Wyong, Gosford, Woy Woy, Blacktown, Rooty Hill,
Quakers Hill, Mount Druit, Minto и Campbelltown.
Ви доаѓаат пријатели или роднини
на посета во Сиднеј?
Проверете ги овие неверојатно исплатливи билети што ги има во сите станици на
CityRail: